Денеска (07.05.2024) по повод одбележувањето на 7 Мај - Денот на македонската полиција, полициски службеници од СВР Струмица на повеќе локации во Струмица реализираа превентивни активности во рамки на кампањата „МВР за граѓаните - заедница, доверба и одговорност“.
Имајќи превид дека граѓаните најдобро знаат со какви предизвици се соочуваат во заедницата во која живеат, полициските службеници во непосреден разговор со нив и делење на летоци ги запознаа жителите на Струмица со потребата од градење партнерство помеѓу полицијата и заедницата, со цел да се идентификуваат, анализираат и долгорочно да се надминат безбедносните предизвици карактеристични за околината во која живеат.