07 мај 2024
Превентивни активности од РЦГР Југ
Вчера (06.05.2024) од страна на полициски службеници од РЦГР Југ беше реализирана превентивна активност за превенција од пожари и бесправна сеча на дрва. Активноста беше спроведена во селата Бојанчиште и Крњево и одмаралиштето Михајлово, каде на граѓаните им беше поделен едукативен материјал, а низ непосредни разговори беа запознаени со последиците и казните во случај на предизвикување пожар или бесправна сеча.