02 мај 2024

Превентивни активности на СВР Битола

Вчера (01.05) на подрачјето на Битола и битолските села Барешани, Олевени, Канино, Породин, Велушина, Острец, Кравари, Лажец, Кишава, Бистрица… полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола спроведоа превентивнa активност за превенција од пожари.

Притоа, на граѓаните им беа поделени наменски едукативни печатени материјали, изработени во соработка со ЈП„Национални шуми“, со информации и совети- како и што треба да прават во насока на превенција од пожари. На граѓаните посебно им беше укажано да се воздржат од палење огнови на отворен простор, на ниви и во шумски подрачја, да не фрлаат неизгаснати догорчиња и пред се, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите. Исто така, граѓаните беа запознаени и со законските импликации за намерно или ненамерно предизвикување пожар.