27 април 2024

„Лето без пожари“ и „Незаконското сечење дрва е криминал“ – превентивни активности на СВР Скопје


Денеска (27.04.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Јавното претпријатие „Национални шуми“ спроведоа превентивно - едукативна кампања под мотото „Лето без пожари“, со дополнителен осврт и на незаконската, односно бесправна сеча на шумски површини, а под мотото „Незаконското сечење дрва е криминал“.
Едукативно - превентивната активност се спроведе на подрачјето на селата Долно Лисиче, Драчево, Зелениково и Орешани, скопско. Основна цел на проектот беше зголемување на безбедносната култура кај жителите во општината, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Имено, за време на активноста беше обрнато посебно внимание на зачестеното палење на стрништа, на земјоделски површини и на пасишта, и следствено на тоа на опасностите од предизвикување на пожари. Исто така, на граѓаните им беа посочен и законските одредби и последици од бесправната сеча на шуми и штетите, како по однос на шумскиот фонд, така и по однос на можноста за појава на пожари при незаконската сеча.
Притоа, на жителите од посочените места им беа делени и едукативни материјал односно летоци, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“ со информативни препораки, со цел подигање на безбедносната свест.