Во текот на вчерашниот ден (26.04.2024) полициски службеници од ОВР Берово спроведоа превентивна активност на тема „Има помош за живот без насилство” со жителите на с.Будинарци, беровско.
Притоа, преку непосредни разговори со граѓаните тие беа информирани за појавите на семејно насилство, односно облиците на семејно насилство, како и за правата на луѓето и мерки за заштита при постоење на некој од облиците на семејно насилство.
Дополнително, се разговараше за постапките и процедурите во такви случаи, како и за достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој. Воедно на граѓаните им беа поделени и летоци со информативни содржини за заштита од семејно насилство на тема „Имате право на помош, поддршка и заштита од насилство”, а беа поставени и плакати со основни информации за пријава на бесплатниот број 112 во случај на потреба од помош и поддршка.