25 април 2024

„Стави појас“, едукативна кампања на ПС Виница

Денеска (25.04.) полициски службеници од Полициската станица Виница, спроведоа едукативна кампања од областа на безбедноста на сообраќајот под мотото - „Стави појас“.

Притоа граѓаните беа информирани за тоа која е предноста од користење на сигурносни појаси, пред се заради лична безбедност и заштита на возачот и сопатникот, а потоа и за заштита на другите учесници во сообраќајот. Сигурносните појаси не се наменети само за возачот, обврската се однесува и на сопатниците на предните седишта и на тие што седат на задните седишта и тоа без разлика дали се движат во населено или надвор од населено место.

При реализацијата на едукативната кампања беа поделени и едукативни летоци изработени со поддршка од РСБСП.