21 април 2024

„Да ги заштитиме шумите од пожари“ – превентивна активност на Одделението за превенција при СВР Скопје

На 20.04.2024 година, Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Национални шуми, спроведе превентивно едукативна кампања под мотото „Да ги заштитиме шумите од пожари“. Едукативно превентивната активност се спроведе на подрачјето на општина Сарај, односно на излетничко Матка, во с.Глумово, с.Буковиќ и с.Шишево. Основна цел на проектот е зголемување на безбедносната култура кај жителите во општината и кај посетителите, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.

Имено, за време на активноста беше посочено на зачестеното палење на шумите при правење на скара и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание.

Притоа, на присутните посетители им беше поделен и едукативен материјал со пораки за подигање на свеста и заштита на шумите од пожари.