Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Штип, денеска (19.04.) во градинката „Вера Циривири Трена”, во Штип, во содејство со полициски службеници од ПС од ОН Штип, реализираа превентивна активност со дечињата од предучилишна возраст, на кои им беа презентирани совети за нивна поголема безбедност, пред се во делот на сообраќајот, а дополнително им беа презентирани и дел од полициската опрема (полициска капа, полициски флуоросцентен елек, стоп палка, радио врска).