12 април 2024

„И јас и ти сите сме пешаци“, превентивна активност на СВР Скопје

Денеска (12.04.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе превентивно едукативна активност под мотото „И јас и ти сите сме пешаци“, наменета за пешаците.

Едукативно превентивната активност се спроведе на подрачјето на општината Центар односно на улицата „11-ти Октомври“ кај Порта Македонија. Основна цел на проектот беше зголемување на сообраќајната култура кај граѓаните во насока на почитување на сообраќајните правила, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на граѓаните им се делеше и едукативен материјал односно летоци изработени во соработка со РСБСП.