09 април 2024

„Не користи мобилен телефон додека возиш“, превентивна активност на ОВР Берово

Денеска (09.04.2024) од страна на полициски службеници од ОВР Берово во централното подрачје на Берово беше реализирана превентивно-едукативна активност „Не користи мобилен телефон додека возиш“.

Превентиво-едукативната активност е реализирана со цел подигнување на сообраќајната култура и свеста на граѓаните за опасноста и последиците кои можат да настанат од користењето на мобилните телефони додека управуваат моторно возило. На граѓаните им беа поделени и едукативни летоци изработени од РСБСП.