09 април 2024
Превентивна активност на СВР Куманово
Денеска (09.04.) полициски службеници од СВР Куманово во основното општинско училиште „Наим Фрашери“ во Куманово во соработка со Територијална против пожарна единица Куманово одржаа показна вежба за учениците од оваа училиште.
Од страна на полициските службеници и пожарникарите, на учениците им беше презентиран начинот на правилна евакуација во случај на пожари, земјотреси или други елементарни непогоди.