Денеска (09.04.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП, спроведе сообраќајна превентивно едукативна активност под мотото “И јас и ти сме пешаци", на подрачјето на општина Аеродром односно на бул. „Јане Сандански“. Основна цел на проектот е зголемување на сообраќајната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
На граѓаните им се укажуваше на потребата од почитување на правилата во сообраќајот, а беше поделен и едукативен материјал.