05 април 2024

Превентивна активност на СВР Куманово

Вчера (04.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово одржаа едукативна работилница во основното општинско училиште „Кочо Рацин“ во село Биљановце, кумановско.

Со учениците се раговараше за девијантните појави, како што се говор на омраза, насилство на спортски натпревари, врсничко насилство -булинг и начините за нивно рано препознавање и превенција во соработка со полицијата.