Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола вчера (03.04) реализираа превентивно-едукативна активност со учениците од средното училиште „Преродба“ во с.Житоше, прилепско. Притоа беа спроведени едукативни предавања на темите: „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“. Во рамки на предавањето, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога.
А, исто така, инспекторите на учениците им укажуваа за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи како и нивно навремено препознавање и превенирање, како и за спречување на насилството помеѓу младите.