03 април 2024

Превентивни активности на СВР Скопје

Денеска (03.04.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и полициски службеници од ПСОН Центар, спроведе превентивно едукативна активност под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“. Едукативно превентивната активност се спроведе на подрачјето на општината Центар односно на булеварот „Илинден“, непосредно во близина на Градскиот парк.

Основна цел на проектот беше зголемување на сообраќајната култура кај возачите, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на возачите им се укажуваше на потребата од почитување на правилата во сообраќајот, и при тоа им се делеше и едукативен материјал односно летоци.

Исто така денеска, од страна на полициски службеници од ПСОН Центар, а по барање на ЈУГД „Раде Јовчевски Корчагин“, реализирана беше и проектна активност-едукативна работилница на тема – „Професија полицаец“. Преку метод на непосреден разговор и дискусија, децата во оваа предучилишна воспитно-згрижувачка установа беа запознати со професијата полициски службеник, и прилагодено на нивната возраст им беа презентирани основните безбедносни поими и процедури во врска со полициското работење, со работните задачи и активности на полициските службеници.