Полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола, денеска (03.04) и вчера на повеќе локации кои водат кон шумските предели и излетничките места, особено во близина на населени места на подрачјето на ресенските села Јанковец, Перово и Дрмени, реализираа превентивни активности во рамките на проектот - „Заштита од пожари“, а посветени на превенцијата и мерките за заштита од шумски пожари и заштита од бесправна сеча на шуми.
Преку делење на летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“, како и во непосредна комуникација со граѓаните, полициските службеници укажуваа за законските санкции во поглед на предизвикувањето на пожари и во поглед на бесправното сечење на шумите, а секако и за потенцијалните штети што тие може да ги предизвикаат за животната средина и шумскиот фонд.
Покрај ова, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола и при ОВР Крушево, како и од Отсекот за превенција во текот на вчерашниот ден, на повеќе локации низ Битола и во Крушево реализираа превентивни активности за поголема заштита во сообраќајот, со посебен акцент ставен на превентивната активност под мотото „Користи појас“, „Паркирај совесно и одговорно“ и „Не зборувај на мобилен кога возиш“. Притоа, на возачите дополнително, покрај укажувањата за внимателност, им беа делени и летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП.
Исто така полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола реализираше сообраќајна поука на подрачје на Битола за прекршоци по основ на непрописно паркирање.