29 март 2024

Едукативни работилници на СВР Скопје

Денеска и вчера (28/29.03.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Полициските станици од општа надлежност Центар и Ѓорче Петров како и Полициското одделение Мирковци, согласно планот за превентивниот проект - „За безбедност во основните училишта“ реализираше едукативни работилници во основните општински училишта „Ј.Х.Песталоци“ (на подрачјето на ПСОН Центар), во „Димитар Поп Георгиев Беровски“ и „Јоаким Крчовски“ (на подрачјето на ПСОН Ѓорче Петров) како и во „Александар Урдаревски“ (ПО Мирковци).

Притоа фокусирајќи се на темите за превенција од зависности, потоа безбедност во сообраќајот („Ј.Х.Песталоци“) како и за превенција од насилството преку социјалните мрежи (во „Димитар Поп Георгиев Беровски“, „Јоаким Крчовски“ и „Александар Урдаревски“), учениците во непосредна комуникација и преку соодветно подготвени презентации беа запознаени со сите, за нив важни аспекти од темите, особено околу ризиците и законските последици од разните облици социо-девијатно поведение, и со начините како да се препознаат, благовремено детектираат проблемите, а со цел правилно да превенираат и да се заштитат.