28 март 2024

Превентивна активност на ОВР Кочани


Денеска (28.03.) полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Кочани, во централното градско подрачје на Кочани и во близината на Градскиот пазар спроведоа превентивна активност за превенција од имотни деликти.

Целта на оваа активност беше да им се укаже на граѓаните како заедно со помош на полицијата да се постигне поголема сигурност во општ интерес на целата заедница. Притоа, беа споделени совети на кој начин граѓаните да ги обезбедат и заштитат своите домови, а воедно да ги негуваат и развиваат добрососедските односи . За време на превентивната активност беа поделени и летоци со едукативна содржина на посочената тема.