27 март 2024

Превентивна активност на СВР Велес

Денеска (27.03.) од страна на Отсекот за превенција при СВР-Велес заедно со полициски службеници од Отсек за економски криминал на подрачјето на градовите Велес и Кавадарци беше спроведена превентивна активност за превенција од имотни деликти.

Притоа, посебен акцент беше ставен на кривичните дела – измами, особено со злоупотреба на лични документи и подигање на брзи кредити, како и измамите со пратки од онлајн нергистрирани фирми преку социјалните мрежи. Во текот на низата средби и разговори со граѓаните, полициските службеници укажуваа и појаснуваа за формите и начините на измами и секако начинот и постапките кои треба да се преземат со цел граѓаните правовремено да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела.