27 март 2024

Превентивна активност на СВР Битола

Вчера, (26.03.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола, реализираа превентивно-едукативна активност со учениците од средното училиште „Ристе Ристевски Ричко“ од Прилеп.

Притоа, заедно со педагошкиот кадар од училиштето, беа спроведени едукативни предавања на темите: „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“. Во рамки на предавањето, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога.

Исто така, полициските службеници на учениците им укажуваа за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи, за девијантните појави на истите и како тие навремено да се препознаат и превенираат, пред се со цел спречување на насилството помеѓу младите.