На 23.03.2024 во централно градско подрачје во Свети Николе, Отсекот за превенција при СВР Штип во соодејство со полициски службеници од Полициската станица Свети Николе спроведе превентивно - едукативни кампањи „МВР за граѓаните, „Обезбеди го твојот дом“ и „Заштити се од џепни кражби“.
За време на активноста со граѓаните беше разговарано и им беа давани совети како сами да го заштита својот дом од крадци и разбојници, а особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, пред се, преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 192 и 112. Исто така, за време на активноста на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина.