23 март 2024

Превентивна активност на ОВР Берово

На 21.03.2024 во централното градско подрачје и Градскиот пазар во Берово, Отсекот за превенција и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Берово спроведоа превентивна активност на тема „МВР за граѓаните“.

За време на активноста на граѓаните им беше презентирано дека полициското работење со заедницата се сведува на взаемно градење на партнерство, кое се базира на стекнување доверба со цел обезбедување на поголема сигурност и заштита и обезбедување на безбедни средини за граѓаните. Взаемната соработката помеѓу полицијата и граѓаните придонесува за спречување на криминалот, а резултатот е зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење.

Полициското работење се сведува на доследно применување на законските прописи, постапување согласно правилата и професионалните стандарди со цел заштита на човековите слободи и права, кои се основна обврска на сите вработени полициски службеници при извршување на работните задачи.

Исто така, за време на активноста на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина.