Oд страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, денеска (22.03.) на подрачјето на Кавадарци беше спроведена сообраќајно воспитна акција „Носи кацига при управување со мопед или мотоцикл“, во која на возачите на мопеди и мотоцикли им беа делени летоци со едукативна содржина. Воедно полициските службеници укажуваа на важноста од стриктно почитување на оваа инаку законски регулирана безбедносна мерка кај оваа категорија на учесници во сообраќајот, нагласувајќи согласно искуствата од практиката дека носењето на заштитниот шлем навистина спасува животи.