22 март 2024
Превентивна активност на СВР Битола за побезбеден сообраќај
Денеска (22.03.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола и полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во содејство со преставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата како и Општинскиот совет за безбедност на патиштата, во централното подрачје на Битола реализираа превентивна кампања под мото: „Паркирај совесно, паркирај одговорно“. При тоа на учесниците во сообраќајот им беа поделени летоци со едукативна содржина и корисни совети за поголема безбедност во сообраќајот.
Во рамки на превентивните активности беше посебно ставен акцент на непрописно паркираните возила кои не само што го отежнуваат движењето на пешаците и велосипедистите туку истите се потенцијална опасност за предизвикување на сообраќајна незгода.