21 март 2024
Превентивна активност на ОВР Кичево
ОВР Кичево, вчера (20.03.2024) го реализираше превентивно-едукативниот проект „Стоп за говорот на омраза“. Полициските службеници од Отсекот за превенција со околу 100 ученици од прва година од Општинското средно училиште „Дрита“ имаа интерактивен час за препознавање на елементите на говор на омраза, но и за потребата од меѓусебно почитување односно превенирање на каков било вид на насилство. На учениците им беше поделен и едукативен материјал.