18 март 2024

Превентивна активност на СВР Велес


Денеска (18.03.) од страна на полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение Чашка, на подрачјето на општина Чашка и околните села беше спроведена превентивна активност во рамките на кампањата „Има помош за живот без насилство“ која Министерството за внатрешни работи ја спроведува во соработка со Фондот за население на Обединетите нации.

Во спроведената превентивна активност преку средби и директна комуникација со жителите, како и делење на информативен материјал, пред се на женската популација, полициските службеници ги информираа граѓаните за формите на насилство, за тоа каде да го пријават насилството, како да се заштитат, а беа информирани и за законските санкции за насилниците.