13 март 2024

Превентивни активности на СВР Битола

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи- Битола, денеска (13.03.) во Градскиот пазар во Битола спроведе превентивно едукативна кампања на темата - “Заштитете се од џепни кражби“. Притоа, на средби со граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина и им беа дадени совети за заштита. Особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, пред се, преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192.

На подрачјето на Крушево, пак, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крушево при Секторот за внатрешни работи Битола, денеска во Крушево реализираа превентивно-едукативна активност посветена на средношколците. Притоа, полициските службеници го посетија средното општинско училиште „Наум Наумовски Борче“ каде што темата на спроведената едукативна работилница беше посветена на проблематиката на зависностите од дроги, а под мотото - „Кажи не на дрогата, да на животот“ како и „Стоп за врсничкото насилство-булинг".

Во рамки на работилницата, учениците беа запознати со повеќе важни аспекти од превенцијата и спречувањето на зависностите од дроги и психотропни супстанци кај младите, потоа за законските реперкусии, но и други последици што произлегуваат од користењето и трговијата со дрога. Исто така, учениците во присуство на педагошкиот кадар беа запознаени за видовите на насилство, при што истите беа поучени како и каде и на кој начин да го пријават насилството со цел негово навремено спречување.