Денеска (13.03.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес на магистралниот пат А1, Градско - Прилеп беше реализирана превентивна активност под мотото – „Стави појас“, а со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигање на свеста за употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците. При превентивната активност, на возачите покрај укажувањата им беше поделен и едукативен печатен материјал изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Исто така, денеска, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и од ПС за БПС Велес на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес реализираа превентивна активност под мотото „Не користи мобилен телефон-биди одговорен возач“. И во рамките на оваа активност покрај укажаувањата на возачите им беа поделени едукативни материјали со информативни содржини изработени во соработка со РСБСП.