Денеска (10.03.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Јавното претпријатие „Национални шуми“, спроведе превентивно едукативна активност за заштита од пожари.
Едукативно превентивната акција се спроведе на подрачјето на скопската општина Илинден, односно на подрачјето на селата Миладиновци, Мршевци, Дељадровци, Ајватовци, Кадино и Мралино. Основна цел беше зголемување на безбедносната култура кај жителите во општината, како и во насока на зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Имено, меѓу другото, во текот на активностите особено беше посочено на последиците што можат да настанат од палење на стрништа, на земјоделска површина и пасишта. Притоа, дополнително, на присутните жители на посочените населени места им беа делени и едукативни материјали односно летоци, со едукативни и информативни препораки.