08 март 2024

Превентивни активности на СВР Битола

Полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот и Отсекот за превенција при СВР Битола денеска (08.03) во Битола и во останатите градови под надлежност на Секторот - Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод, во соработка со РСБСП, реализираа превентивна активност по повод Денот на жената 8-ми Март каде што фокусот на превентивните активности беа жените возачи и минувачи при што им се делеа цвеќе и едукативни материјали изработени од РСБСП.

Исто така, денеска во посета на СВР Битола беа и дечињата од ОУ „Трифун Пановски“ од Битола, кои што покрај кусата едукација, на припадничките од понежниот пол во полицијата им поделија пригодни осмомартовски изработки со желба за среќен празник.