08 март 2024

Превентивна активност на РЦГР Исток

Вчера (07.03.) од страна на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Исток, на подрачјето на Полициско одделение за граничен надзор Македонска Каменица, во СОУ „Миле Јаневски Џингар“, во општина Македонска Каменица беше реализирана превентивно едукативно предавање со учениците од трета и четврта година, на тема: „Превенција од трговија со луѓе“.

Полициските службеници ги информираа учениците за формите и особено начините и можностите како да се заштитат од овој вид на сериозен криминал .

На учениците им беа презентирани низа информации за препознавање на трговијата со луѓе , а им беа дадени и препораки да бидат внимателни при комуникација со непознати лица на социјалните мрежи.