08 март 2024

Превентивна активност на СВР Скопје за побезбеден сообраќај

Денеска (08.03.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и полициски службеници од ОБПС, спроведе превентивна активност “Вози одговорно“ на подрачјето на општина Карпош односно на улицата „Манапо“ кај „Сити Мол“.

Основна цел на проектот е зголемување на сообраќајната култура кај возачите. На жените возачи од страна на полициските службеници им беше честитан 8-ми март. На сите учесници во сообраќајот им се укажуваше за потребата од почитување на правилата во сообраќајот, а им се делеше и едукативен материјал.