Полициски службеници од ОВР Кичево и Отсекот за превенција, вчера (06.03.2024) во основното училиште „Мирко Милески“ во Кичево одржаа едукативни предавања на тема „Заштита од говор на омраза“.
Активноста има за цел подигнување на јавната свест за препознавање на различните форми на говор на омраза кои таргетираат специфични заедници и поединци во заедницата, како и да се промовираат различните начини за спротиставување на говорот на омраза, зголемување на степенот на безбедносната култура и совеста кај граѓаните, а пред се, кај младата популација.