Денеска (05.03.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово во централното градско подрачје во Берово спроведоа превентивна активност за задолжително користење на сигурносните појаси.
Притоа граѓаните беа информирани за тоа која е предноста од користење на сигурносни појаси, пред се заради лична безбедност и заштита на возачот, а потоа и за заштита на другите учесници во сообраќајот. Беше порачано дека сигурносните појаси не се наменети само за возачот, обврската се однесува и на сопатниците на предните седишта и на тие што седат на задните седишта и тоа без разлика дали се движат во населено место или надвор од населено место.
Граѓаните беа запознаени и со законската регулатива, односно санкционирањето за некористење на појасот, а воедно во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата им беа поделени и флаери со едукативна содржина и маици со лого „Стави појас“.