На 02 и 03.03.2024 (сабота и недела), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Совет за превенција на детско престапништво, во спортската сала на Средното општинско училиште „Перо Наков“ организираа меѓународен футсал натпревар под мотото „Спорт да - дрога не“, помеѓу ученици од неколку основни училишта во градот.
Целта на овие натпревари е да им се пренесе пораката на младите дека преку игра, дружење и меѓусебно почитување сите ќе имаме безбедна заедница.
На победниците им беа доделени трофеи и дипломи, додека на другите учесници им беа врачени благодарници.