02 март 2024

Превентивна активност на СВР Струмица

Денеска (02.03.2024) на магистралниот пат Струмица-Ново Село, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица спроведоа превентивна активност под мотото - „Тргни порано, вози побавно, стигни безбедно“.

Притоа на возачите им беа поделени едукативни печатени материјали, изработени во соработка со РСБСП. Воедно, во непосреден разговор со возачите, полициските службеници ги потсетуваа дека должност на сите возачи е да ги почитуваат сообраќајните правилата и прописи.