28 февруари 2024

Превентивни активности на подрачјето на СВР Битола

Денескa (28.02.2024), Отсекот за превенција при СВР Битола и полициската станица за безбедност на сообраќајот заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот спроведоа превентивно - едукативна активност под мотото - ,,СТАВИ ПОЈАС“. Во Битола, на излезите од градот по случаен избор, на присутните граѓани и возачи им се укажуваше дека со применување на мерки за самозаштита и носење на безбедносен појас ќе се превенираат последиците од повреда при сообраќајна незгода. Притоа им се делеше и едукативно - превентивен материјал.

Исто така, денеска во Ресен и ресенско на месното население им се укажуваше за заштита на шумите од нелегалната сеча како и за законската обврска доколку истите го извршат кривичното дело .

Притоа, на повеќе локации во ресенските села: с.Болни,Кривени и Избиште беа организирани средби со месното население на кои што полициските службеници укажуваа за важноста од зачувување на шумскиот фонд, за потребата од внимателно и одговорно однесување при движење во шумски предели, на отворени површини или изведување на земјоделски работи, а со цел да се намалат ризиците од предизвикување на пожари. Покрај ова, на граѓаните им беа делени и летоци, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“ со информации за заштита и превенција од пожари.