Денеска (26.02.) полициски службеници од ОВР Берово во општинското средно училиште „Ацо Русковски“ во Пехчево одржаа едукативно предавање на темa – „Дрога и алкохол и нивното влијание во периодот на адолесценцијата”, при што целна група беа ученици од основното и средно училиште.
При тоа на учениците им беа објаснети ризиците односно последиците од злоупотреба на дрога, алкохол и психотропни супстанци. Учениците беа запознати и со законската регулатива односно пропишаните законски одредби за санкционирање на ваквите појави. Исто така, и на подрачјето на Свети Николе и светиниколско, денеска полициски службеници ја спроведоа превентивната кампања околу забранетото палење оган на отворен простор.
При спроведување на активностите во разговор со граѓаните од страна на полициските службеници беше укажувано дека при работа на отворен простор посебно треба да се внимава да не се пали оган и да не се фрлаат отпушоци, со цел да не се предизвика пожар од поголеми размери и да се направи голема материјална штета. Воедно, од страна на полициските службеници беа поделени летоци со информативно едукативна содржина изработени во соработка со ЈП Национални шуми, Центарот за управување со кризи и ТППЕ Свети Николе.