Денеска (23.02.) полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со Црвениот крст Велес, во општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ во Велес со учениците од деветто одделение одржаа едукативна работилница за превенција од зависности.
Целта на едукацијата беше учениците да се запознаат со штетните последици од употреба на цигари, алкохол и дрога. Преку проактивен пристап едукаторите им укажаа на учениците за последиците од употребата, особено на дрогите и психотропните супстанци.