Вчера (18.02.) од страна на полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Штип и полициски службеници од ПС од ОН Штип на Градскиот стадион во Штип, беше реализирана превентивна активност во рамки на проектите ,,МВР за граѓаните“ и ,,Да навиваме спортски и безбедно за нашиот клуб“.
Во текот на активностите беа поделени летоци со едукативна содржина, а на граѓаните им беше укажано за забраната за внесување на алкохол, потоа пеење или истакнување на транспаренти, знамиња и други предмети со текст, слики, знак или други обележја што предизвикуваат и потикнуваат омраза или насилство врз основа на расна, национална или верска припадност. Исто така, граѓаните беа запознати со основните законски одредби за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, како и со начините на препознавање и потребата од навремено пријавување.
Целта на активноста е подигање на свеста кај сите граѓани за создавање на побезбедна и сигурна заедница, како и заштита на животот и имотот.