Денеска (14.02.) во Кочани полициски службеници од ОВР Кочани во соработка со општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со ученици од Средното општинско училиште „Ѓошо Викентијев“ и Локалниот совет за превенција Кочани, спроведоа превентивна активност под мотото - „Вози одговорно за празникот на љубовта и виното“.
Притоа на повеќе сообраќајно фрекфентни локации низ градот беа делени едукативни печатени материјали, изработени во соработка со РСБСП, со информативни содржини, а со цел да се потсетат возачите за важноста на почитување на правилата и прописите во сообраќајот.