По повод Св. Трифун и Св. Валентин денеска (14.02.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Кавадарци, односно на повеќе патни правци во околината на градот, беше реализирана сообраќајна превентивна акција во рамки на која на возачите им беа поделени едукативни печатени материјали, изработени во соработка со РСБСП со пораки за одговорно возење.