Денеска (14.02.) по повод прославите на Св. Трифун и Св.Валентин, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во централното градско подрачје во Куманово, реализираа превентивна активност во рамки на кампањата - „Уживај во празнично расположение, прославувај одговорно и вози безбедно“.
Целта на превентивната активност беше да се потсетат возачите да возат внимателно и да се грижат за сите учесници во сообраќајот, да не возат под дејство на алкохол и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Исто така денеска, полициските службеници од ОВР Крива Паланка ја реализираа истата активност во соработка со претставници од Црвен Крст и од Територијалната противпожарна екипа од Крива Паланка. На граѓаните им беа поделени и едукативни летоци изработени во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.