Денеска (14.02.) од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП , на подрачјето на ПСОН Аеродром, поточно на булеварот „Јане Сандански“ беше реализирана сообраќајно-превентивна активност под мотото – „Возете одговорно за празникот на љубовта и виното “.
Во рамки на активностите, од страна на полициски службеници на возачите им беа поделени едукативни летоци и освежувачи за возило изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со апел за внимателно и одговорно учество во сообраќајот за време на празниците.
Исто така , во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот, задолжително користење на заштитен појас, некористење на мобилен телефон при возење, а особено беше потенцирано да не се вози под дејство на алкохол – со порака дека доколку се консумира алкохол да не се управуваа со моторно возило, туку да се користи јавен превоз или такси превоз.
Покрај ова, на подрачје на ПСОН Аеродром од страна на полициски службеници беа реализирани две едукативни работилници по проектот – „Безбедност во училиштата“ со учениците од Клубовите за превенција од општинските основни училишта „Александар Македонски“ и „Лазо Ангеловски“ а на тема - „Превенција од меѓуврсничко насилство - булинг“.
Присутните ученици беа запознаени што претставува меѓуврсничкото насилство – пред се социофеноменот - булинг, потоа околу тоа како да го препознаат и како да го спречат булингот, односно како да се заштитат и начините за пријавување. Воедно децата беа запознати и со законска регулатива соодветно за нивната возраст.