СВР Битола денеска (14.02) ја реализираше кампањата под мотото - ,,Ако возиш немој да пиеш, ако пиеш немој да возиш“, поврзана со празникот на виното и љубовта, при што претставници од СВР Битола заедно со РСБСП и со претставници од општина Битола, од Битолскиот универзитет, како и ученици од сообраќајната единица при СОУ „Таки Даскало" во Битола, делеа летоци на возачите и минувачите во централното подрачје на Битола, а и низ непосредни разговори ги информираа граѓаните околу штетните последици од возењето под дејство на алкохол.