10 февруари 2024

Превентивна активност на ОВР Берово


На 09.02.2024 полициски службеници од ОВР Берово во содејство со инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство на подрачјето на с. Двориште, беровско реализираа превентивна активност. Целта на превентивната активност беше подигање на свеста кај жителите од ова подрачје за постоењето на вирусното заболување кај домашните и дивите свињи кое предизвикува големи економски загуби. Исто така, граѓаните беа информирани како можат да ги препознаат знаците кои укажуваат на заболеност и како и на кој начин можат да придонесат за спречување и контрола на ширење на болеста. Притоа, на граѓаните им беа поделени летоци со препораки за постапување при идентификација на заболени свињи.