Денеска (09.02.), Одделението за превенција при СВР Скопје организираше едукативно превентивна активност во ОУ „Кочо Рацин“, на подрачјето на општината Центар.
Во рамките на планираната едукација за учениците од седмо и осмо одделение, согласно годишниот план за едукативни работилници и проектот “Превенција од зависности“ под мото “Кажи ДА на животот, НЕ на дрогата“, полициските службеници разговараа со учениците околу сите важни аспекти во насока на превенција од зависност од дроги и трговија со дроги. Притоа, преку видео презентација на учениците им беа презентирани информации пред се поврзани со превенција од зависностите, со посебен акцент на дрогата, алкохолот и никотинот.