Во текот на вчерашниот ден (08.02.) од страна на полициските слuжбеници од Отсекот за превенција при СВР-Велес, во соработка со полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при ОВР-Кавадарци, во општинското основното училиште „Тошо Велков Пепето“ во Кавадарци, беше реализирана едукативна работилница.
Во рамки на работилницата наменета за учениците од деветто одделение, а во склоп на кампањата – „Кажи не на дрогата, да за животот“, на учениците преку соодветно прилагодена презентација полициските службеници им ги презентираа не само штетните последици од зависностите од дрога, туку и законските последици што можат да ги донесати тие, како и со начините и методите што треба да се користат во справувањето со овој вид на појави.