Денеска (08.02.) Одделението за превенција при СВР Скопје, организираше едукативно превентивна активност во областа на сообраќајот, во ОУ „Кочо Рацин“, на подрачјето на општина Центар.
Имено, во рамките на планираната едукација на учениците од второ одделение, согласно годишниот план за едукативни работилници наменет за ученици од второ и четврто одделение, преку наменски подготвена видео презентација спроведената едукативна работилница беше посветена на темата - “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Притоа, на интерактивен начин и преку мултимедијални примери, на учениците им беа презентирани и објаснети информации за основите на сообраќајната култура, сообраќајните правила, прописи и знаци, со посебен акцент на оние кои директно влијаат врз безбедноста на децата кои се учесници во сообраќајот на улога како пешаци.