Полициски службеници од СВР Битола вчера (07.02) реализираа превентивно-едукативна активност со учениците од средното училиште „Таки Даскало“ во Битола. Притоа беа спроведени едукативни предавања на темите: „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“. Во рамки на предавањето, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога. А, исто така, инспекторите на учениците им укажуваа за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи како и нивно навремено препознавање и превенирање, како и за спречување на насилството помеѓу младите.
Полициските службеници од сообраќајната полиција на СВР Битола пак во изминативе денови на цело подрачје на СВР Битола реализираа превентивни активности во насока на поголема безбедност во сообраќајот при зимски услови при што на возачите покрај препораки и совети за безбедно управување на возилата и соодветно паркирање им поделија и едукативен материјал изработен во соработка со РСБСП.